Откриен нов сој на коронавирус во Европа, со потекло од шпански фармери

Откриен нов сој на коронавирус во Европа, со потекло од шпански фармери

пред 4 години

Меѓународен тим на научници идентификуваше нов сој на коронавирус, кој настанал во Шпанија, а кој од летот се шири низ Европа. Се претпоставува дека извор на заразата се шпански фармери, пренесува српски Курир, повикувајќи се на Financial Times и Klix.ba.

Повеќето заразени со короанвирус во неколку европски земји се заразени со новиот сој на коронавирус. Во Ирска тоа е случај кај 60% од заболените. Научниците ја следеле мутацијата и утврдиле дека новиот сој се шири исклучително брзо. Вирусот го нарекле 20А.ЕU1.

Научниците предупредија дека непочитувањето на мерките, пред се, физичкото дистанцирање може да допринесе за продолжување на новиот сој на короанвирусот. Со новиот сој заразени се 10 лица во Велика Британија, 80% од луѓето во Шпанија, 60% во ирска и по 40% во Швајцарија и Франција.

Како клучни преносители на овој вирус се наведени луѓето кои биле на годишен одмор во Шпанија. Научниците се прашуваат дали вториот бран на заразата би можел да биде помал, ако биле подобри прегледите на аеродромите и другите транспортни терминали.

Секој сој на вирус има своја генетика и токму тој на основа на тоа, може да го утврди просторот на кој настанал.

„Ширењето на новиот сој на коронавирус е јасен показател дека постоечките мерки не се доволни за да се спречи понатамошниот пренос“, оценила Ема Ходкрофт, од Универзитетот Базел.

Ема е генетичакра од тимот на експерти кој го идентификувале новиот сој. Тимот на научници од Швајцарија и Шпанија сега се обидуваат да дознаат како тој се однесува, дали е позаразителен и посмртоносен од другите соеви на коронавирус.

Ходкрофт нагласила дека не постои доказ дека новиот сој се шири брзо како последица на мутацијата која го зголемува преносот или влијае на исходот на заразата. Таа напоменала дека 20А.ЕU.1 сепак се разликува од другите соеви на коронавирус за кои таа знае.

„Немам видено ниту една варијанта со таква динамика, сè додека во Европа не ги следев геномските секвенци на коронавирусот“, додала таа.

Во виролошката лабораторија, научниците настојуваат да утврдат дали новиот сој носи одредена мутација во шилестиот протеин кој вирусот го носи за влез во организмот, што би можело да го промени неговото однесување.

Кај секој вирус се развива мутација, се менува генетскиот код, односно може да настанат негови нови соеви. Претходно утврден е сој на коронавирус наречен D614G, за кој се верува дека е позаразен.

Новиот сој на коронавирус има шест препознатливи генетски мутации. Се појавил меѓу фармерите на североистокот во Шпанија, во јули месец и брзо се проширил меѓу локалното население, е наведено во најновата студија.

Професорката по компјутерска еволуција, Тања Стадлер, исто така учествувала во истражувањето на новиот сој. Таа истакнала дека примероците од вирусот се земени од цела Европа и дека се испоставило дека се изведени од истиот сој.

„Видливо е дека вирусот повеќе пати е увезен во неколку држави, а потоа се проширил меѓу населението“, изјавила таа.

Шефот на конзорциумот SeqCovid во Шпанија, Инака Комас, го проучувала вирусот и е еден од авторите на студијата во која е забележан новиот сој.

„Еден сој, потпомогнат со почетните случаи на суперширењата, може да помогне за истиот брзо се рашири низ поголем број на земји“, укажал тој.

Share
Scroll to Top