Само Меси не добива црвен картон за шутирање топка кон судијата

Само Меси не добива црвен картон за шутирање топка кон судијата

пред 4 години

Лионел Меси имаше многу среќа (и влијание) што не доби црвен картон во саботниот меч против Алавес, откако ја шутна топката во бес кон судијата Алехандро Ернандез.

Фрустрацијата на Аргентинецот се покажа откако грешката на голманот Нето дозволи Алавес да поведат со 1:0, а откако Френки де Јонг не доби пенал, а Меси слободен удар, 33-годишниот Меси едноставно збувна.

Тој не го погледна судијата додека доби жолт картон, а на социјалните мрежи фановите беа вчудоневидени што тој не доби црвен картон, покажувајќи на инцидентот на Кристијано Роналдо кога доби пет меча казна за допирање на судија.

Share
Scroll to Top