Роглич со оди од Јумбо-Висма, од новиот тим ќе добие неверојатен договор

Роглич со оди од Јумбо-Висма, од новиот тим ќе добие неверојатен договор

пред 7 месеци

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич денеска соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти холандскиот тим Јумбо-Висма.

„Можам само да потврдам дека ќе го напуштам тимот. По трката во Италија ќе објавам каде ќе се преселам“, изјави Роглич за новинарите, пренесе АФП.

Овој 33. годишен Словенец има договор со тимот до 2024 година.

Роглич му се приклучи на овој тим во 2016 година и оттогаш три пати ја освои Вуелта и еднаш Џиро д’Италија.

Медиумите специјализирани за велосипедизмот потенцираат дека Роглич ќе доби повеќегодишен договор вреден 6.000.000 евра по сезона од новиот тим.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top