Рашфорд на три месечна пауза

Рашфорд на три месечна пауза

пред 3 години

Маркус Рашфорд ќе ги пропушти првите три месеци од новата сезона. Во договор со клубот, напаѓачот ќе замине на операција. Рашфорд има повреда на рамото од ноември минатата година.

Последните прегледи направени со магнетна резонанца, покажале дека повредата е сериозна. Лекарите го советувале дека со операција трајно ќе го реши проблемот.

Прогнозите се дека Рашфорд би се вратил на терените некаде во октомври. Извесно е дека ќе ги пропушти првите 11 натпревар на Манчестер јунајтед во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Минатата сезона, рашфорд, одигра 57 натпревар за Манчестер јунајтед, постигна 21 гол. Со Англија го освои второто место на Европското првенство.

Share
Scroll to Top