Професор од Оксфорд го прогласи Роналдо за најдобар фудбалер во историјата

Професор од Оксфорд го прогласи Роналдо за најдобар фудбалер во историјата

пред 3 години

професорот Тим Крофорд, вработен во универзитетот Оксфорд, користејќи посебен алгоритам, пресметал кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Победил Кристијано Роналдо, кој ова лето се врати во Манчестер јунајтед.

„Јас сум голем фан на фудбалот. Долго време со пријателите дебатираме кој е најдобриот во историјата. Бидејќи ја обожувам математиката, решив да ја ставам во служба на фудбалот, беше многу интересно да се дојде до овие резултати. Според мојот алгоритам најдобра е Роналдо“, рекол Крофорд.

Крофород направил алгоритам од седум категории: клупски трофеи (ЛШ носи најмногу поени), репрезентативни трофеи, сите клупски голови, сите репрезентативни голови, гласовите добивени во избор за најдобра фудбалер, индивидуални рекорди, голови кои имале најмногу влијание врз тимот.

Роналдо победил, Меси е втор, а Диего Марадона е деветти…

Роналдо победил во првата, четвртата и шестата категорија, Бразилецот Роналдо во втората, а во третата Пепе и Ференц Пушкаш. Меси победил само во последната категорија.

Share
Scroll to Top