Рубљов го поддржа Зверев: АТП воведе лош начин на бодување

Рубљов го поддржа Зверев: АТП воведе лош начин на бодување

пред 3 години

Андреј Рубљов го поддржа колега Александар Зверев, кој пред два дена го критикуваше АТП, за начинот на кој ги дели бодовите. Зверев го нарече системот на АТП за апсурд, бидејќи Федерер кој не играше 13 месеци, се уште се наоѓа пред него на АТП листата.

АТП образложи дека ваквиот систем е воведен за да се заштитат играчите, кои не можат да патуваат и нормално да се натпреваруваат во време на пандемија.

„Кога системот би бил нормален, јас би се наоѓал на четвртото место, така пресметав. Што мислите вие, дали за мене е подобро да бидам на четвртото или на осмото место?“, рекол Рубљов.

Рускиот тенисер, оваа недела, се натпреварува на турнирот во Дубаи.

Share
Scroll to Top