Фиорентина го отпушти Јакини, Прандели пак на „Артемио Франки“

Фиорентина го отпушти Јакини, Прандели пак на „Артемио Франки“

пред 3 години

Фиорентина реши да го отпушти тренерот Бепе Јакини по лошиот старт на сезоната и да го врати на клупата поранешниот тренер Чезаре Прандели, јавуваат повеќе италијански медиуми.

Претседателот на клубот, Роко Комисо му даваше поддршка на Јакини последните недели, но се дошло до заклучок дека е потребна промена за да се спаси сезоната. Фиорентина е само на 12. место во Серија А со само две победи во првите седум кола во шампионатот.

Под Прандели, кој беше тренер на Виола од 2005 до 2010 година, Фиорентина беше постојано во топ 6 и играше во европските натпреварувања. Тој исто така е миленик на фановите на клубот. Прандели од 2010 до 2014 беше италијански селектор, а последна работа му беше кај Горан Пандев во Џенова, каде што ги спаси од испаѓање во 2019, но веднаш потоа доби отказ.

Share
Scroll to Top