Данскиот селектор удри по Интер: Тие го трошат талентот на Ериксен

Данскиот селектор удри по Интер: Тие го трошат талентот на Ериксен

пред 3 години

Данскиот селектор, Каспер Хјулманд смета дека Интер го трошат квалитетот и талентот на Кристијан Ериксен и се надева дека тој ќе ја направи најдобрата одлука за својата кариера и за националниот тим.

Ериксен дојде во Интер од Тотенхем за 27 милиони евра во јануари 2020 и оттогаш има одиграно само 39 натпревари, а оваа сезона е ограничен на вкупно 393 минути.

„Кристијан има играно премалку во 2020 и тоа беше трошење на квалитет. Кога ќе видам што умее, верувам дека оваа сезона го чека повеќе време на теренот. Дали ќе си оди? Сигурен сум дека ќе ја направи вистинската одлука за својата кариера, но и за репрезентацијата. Загрижува тоа што нема многу минути, а никој не може да биде најдобар ако го нема вистинскиот ритам“, вели Хјулманд за весникот „Екстрабладет“.

Share
Scroll to Top