ЛШ: Челси и Севилја со драматични победа влегоа во осминафинале

пред 3 години

Челси на Френк Лампард го обезбеди местото во нокаут фазата на Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Рен стигна до 2:1 победа во четвртото коло, а во истата група и со слична драма им се прилучи и Севилја по 2:1 победата кај Краснодар. Со три победи и еден примен гол (9:1 гол-разлика), големите инвестиции на Роман Абрамович се исплатеа во Лигата на шампионите, со можеби најлесното минување на групната фаза досега за „сините“. Фаворитите во Франција дојдоа во водство во во 22. минута, кога во еден супер-брз напад, Калам Хадсон-Одои доби фантастична долга топка од Мејсон Маунт и ги донесе Челси во водство. Меѓутоа, Рен не се откажаа и подобрата игра во второто полувреме ја крунисаа со гол на Французинот Серху Жираси во 85. минута. Џокер на Лампард беше Оливие Жиру, напаѓачот кој најавува заминување во јануари, во една помалку комична ситуација пред голот на домаќините. Во Русија, пак, повратникот Ракитиќ уште во четвртата минута постигна супер-гол од работ на шестнасетникот, но дебитантот во ЛШ, Краснодар успеа да израмни преку Бразилецот Вандерсон во 56. минута. Мунир Ел Хадади во 95. минута им донесе пласман и на тимот на Хулен Лопетеги. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО ГРУПА Е Краснодар – Севилја 1:2 Рен – Челси 1:2 Табела : 1.Челси 10, 2.Севилја 10, 3.Краснодар 1, 4.Рен 1

Share
Scroll to Top