Ја суспендираа поради допинг, а на АО ќе биде носителка

Ја суспендираа поради допинг, а на АО ќе биде носителка

пред 3 години

Украинската тенисерка Дајана Јастремска стигна во Мелбурн, на Австралија опен, иако неодамна заработи суспензија поради сомнеж дека се допингувала.

Доколку и биде дозволено да настапи на АО, таа ќе е меѓу носителите на турнирот затоа што во моментов е 29-та на ВТА листата. Засега нема официјална потврда за тоа дали е суспендирана или само се анализира нејзината состојба.

ИТФ неодамна изрече привремена суспензија на Украинката кај која во ноември лани се пронајдени недозволени суптанци при земањето крв за анализа.

Јастремска тврди дека ништо недозволено не користела и напомена дека можеби се работи за некој лек кој го користела, без да знае што се има во него.

Share
Scroll to Top