Џампаоло пред отказ – Милан го „шутнаа“ по седум меча, Торино одиграа само пет

Џампаоло пред отказ – Милан го „шутнаа“ по седум меча, Торино одиграа само пет

пред 4 години

Првите луѓе на Торино сериозно размислуваат да му врачат на Марко Џампаоло отказ по само пет меча од новата сезона по неверојатниот колапс и 3:4 поразот од Лацио во неделата.

Торино имаат само еден поен во пет меча во Серија А оваа сезона и се на последното место на табелата заедно со Кротоне, откако денеска поведоа во 87. минута преку Саша Лукиќ, но примија два гола во најневеројатниот меч оваа сезона.

Според „ДАЗН“, Џампаоло веќе се сретнал со директорите на клубот по крајот на мечот и иако уште не е донесена конечна одлука, многу веројатно е тој да добие отказ ако не успее да ја сврти формата во следните два меча – против Џенова во среда и против Кротоне во недела.

Џампаоло претходно беше отпуштен од Милан по само седум кола, во кои имаше четири порази, изјавувајќи дека фудбалерите на „росонерите“ не биле доволно интелигентни да ја следат неговата тренерска шема.

Торино се „пацери“ на викендот – како се губи меч со водство до 93 минута!

Share
Scroll to Top