Не Мбапе-Нејмар-Меси, ѕвезда на полувреме е Ванакен, Милан со луд пресврт на „Енфилд“

Не Мбапе-Нејмар-Меси, ѕвезда на полувреме е Ванакен, Милан со луд пресврт на „Енфилд“

пред 3 години

И покрај тоа што првпат во историјата Пари Сен-Жермен во нападот го има неверојатно скапото трио Лионел Меси-Килијан Мбапе-Нејмар, францускиот клуб има само 1:1 на гостувањето кај Клуб Бриж по првото полувреме.

Мбапе имаше одлично истрчување и асистенција до Андер Ерера во 15. минута за водство, меѓутоа белгискиот клуб израмни преку прекрасниот гол на Ханс Ванакен во 27. минута.

Големото дерби на „Сан Сиро“ помеѓу Интер и Реал Мадрид засега не носи голови, додека Милан и покрај почетната доминација на Ливерпул, има 2:1 водство на „Енфилд“ од Ливерпул. Трент Александер-Арнолд ги донесе „црвените“ во водство, а потоа Мајк Мањан го одбрани пеналот на Мохамед Салах, по што Анте Ребиќ со убав гол во 42. минута, пред само две минути подоцна, Брахим Дијаз да ја внесе топката во голот на англискиот фаворит.

Манчестер сити има убедливи 3:1 против РБ Лајпциг на „Етихад“, додека Ајакс води со 3:1 кај Спортинг Лисабон.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

ГРУПА А

Бриж – Пари Сен-Жермен 1:1

Манчестер сити – РБ Лајпциг 3:1

ГРУПА Б

Интер – Реал Мадрид 0:0

ГРУПА Ц

Спортинг Лисабон – Ајакс 1:3

ГРУПА Д

Ливерпул – Милан 1:2

Атлетико Мадрид – Порто 0:0

 

Share
Scroll to Top