(Видео) Планета со големина на Земјата, талка низ нашата галаксија

(Видео) Планета со големина на Земјата, талка низ нашата галаксија

пред 4 години

Планета со големина на Земјата, талка низ нашата галаксија, пренесуваат светските медиуми. Планетата не е поврзана со некој ѕвезден систем, како што е нашиот, велат експертите.

Научниците веруваат дека постои огромен број на планети, кои слободно скитаат низ вселената, но ги има во многу мал број и тие планети кои се откриени биле огромни, 600 до 1200 пати биле поголеми од Земјата.

Сепак, научниците сега откриле една слободна планета со големина на Земјата, како се движи низ нашата галаксија „Млечниот пат“.

Ова откритие, објавено во Астрофизички магазин, може да биде доказ дека во вселената постојат огромен број на такви планети, кои не се преголеми, а истовремено не се поврзани за некој соларен систем.

„Шансите да се открие таков објект, со релативно мала маса, кои слободно скитаат низ вселената, се екстремно ниски. Или само ние имавме среќа, или таквите објекти се почести во вселената, отколку што ние мислевме“, вели Пжемек Мрож од Калифорнискиот институт за технологија, пишува Live Science.

Повеќето планети од нашиот Сончев систем се видливи за астрономите, пред се благодарение на ѕвездите за кои се врзани. Тие ѕвезди обезбедуваат светлина која ја изложува планетата на некои од телескопите на Земјата. Кога планетите се премногу мали за да бидат видени со телескоп, научниците ги гледаат благодарение на малото гравитационо влијание на нивната ѕвезда или со помош на треперењето кое го забележуваат кога планетата ќе минува покрај ѕвездата.

Планетите кои скитаат, немаат такви ѕвезди кои би ги осветлила на таков начин. Научниците ги откриваат благодарение на теоријата на Ајнштајн за релативитет, позната и како гравитациона леќа. На тој начин, големите планети, или други вселенски објекти, дејствуваат како космичка лупа, која гледано од Земјата, ја криви светлината од некој извор, како што се ѕвездите.

„Ако масовниот објект мине меѓу набљудувачите на Земјата и оддалечените ѕвезди, неговата гравитација може да се одбие или да да ја фокусира светлината од таа ѕвезда“, вели Мрож.

Научниците така ја мерат промената на светлината и благодарение на тоа тие знаат колку е голем објектот што се однесува како гравитациска леќа. Колку е поголем објектот, ефектот од гравитационата леќа, трае подолго.

Астрономите објаснуваат дека шансите за забележување на вакви кратки промени, се екстремно мали, затоа што може да минат и по милион години, додека една планета се најде во таква положба, а да може да се види нејзиниот ефект врз закривеноста на светлината од Земјата.

За среќа, научниците кои ја откриле оваа планета, следат стотина милиони ѕвезди чија светлина може да биде закривена. Најмалата планета која слободно скитала низ нашата галаксија, најверојатно се одвоила од својот планетарен систем, по судар со некои масовен објект.

Share
Scroll to Top