(Видео) Дечко и девојка од Далас се венчаа на полувреме од НБА натпревар

(Видео) Дечко и девојка од Далас се венчаа на полувреме од НБА натпревар

пред 1 година

Рид и Елин, млада двојка се венчаше на полувремето од НБА натпреварот помеѓу помеѓу Далас Маверикс и Минесота Тимбервулфс во „Американ Ерлајнс центар“.

Венчавката ја направија на Денот на вљубените, кога се венчаа на терен, пред публиката во Далас со целосна церемонија.

Невестата излегла со својот татко, кој ја предал на младоженецот, а на необичната венчавка имале и матичар. Рид и Елин среде „Американ Ерлајнс“ го одиграле и првиот танц.

Целата церемонија била проследена со голем аплауз и овации од публиката.

Главниот спонзор на Маверикс ги изненадил младите со свадбен подарок. Добиле и платен меден месец до 7.000 долари.

Share
Scroll to Top