Британец ја натепал девојката оти кажала дека нејзиниот поранешен дечко е позгоден од Роналдо

Британец ја натепал девојката оти кажала дека нејзиниот поранешен дечко е позгоден од Роналдо

пред 2 години

Рос Флин ја истепал неговата девојка затоа што кажала дека нејзиниот поранешен дечко бил позгоден од Кристијано Роналдо.

Таа го пријавила во полиција и раскажала дека за време на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Вест Хем, Флин ја прашал дали Роналдо е позгоден од нејзиниот поранешен дечко, Откако таа му одговорила дека некогашниот дечко е позгоден од фудбалерот, Флин ја натепал. Според полицијата, ова не било првпат Флин да направи нешто слично, поради што бил на условна казна.

Флин на сослушувањето во полицијата објаснил дека во моментот кога го слушнал одговорот од својата девојка се изнервирал, но дека му е жал поради целата ситуација.

Британските медиуми пишуваат дека тој најверојатно ќе оди во затвор бидејќи ја прекршил условната казна.

Share
Scroll to Top