Аристократката Изабела Калторп е девојката и манекенка која го одбила принцот Вилијам за да ѝ се посвети на кариерата, пишуваат британските медими. Таа се забавувала со внукот на кралицата, во моментите кога Вилијам и неговата сегашна сопруга Кејт Мидлтон, биле разделени.
Британските медиуми пренесуваат дека Вилијам цело лето се обидувал да ја освои денес 40 годишната манекнека и глумица, но на крајот не успеал во тоа. Изабела пред десетина години била студентка и имала големи планови за нејзината кариера.
„Таа е име за себе и како таква сака да биде позната во јавноста“, изјавила експертот за кралското семејство Кети Никол.
Набрзо откако го откачила, Вилијам се смирил со денешната сопруга Кејт Мидлтон, а по кратко време и се венчаа. Но, според зборовите на Никол, Кејт Мидлтон денес е една од најомилените членови на кралското семејство.

Обожавателите на кралското семејство, денес тешко им е да ја замислат кралската двојка без Кејт. Двајцата се во брак од 2011 година, а еден од условите за да продолжат понатаму, бил Вилијам никогаш поеќе да не се гледа со Изабела.

Кејт и Вилијам денес се во среќен брак и имаат три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и најмладиот член принцот Луис.






