(Видео) Ед Ширан купи гитара во локална продавница и одржа бесплатен концерт во родниот град

(Видео) Ед Ширан купи гитара во локална продавница и одржа бесплатен концерт во родниот град

пред 2 години

Британскиот музичар Ед Ширан одржа бесплатен концерт пред Градското собрание во неговиот роден град Ипсвич. Тој купил гитара во локална продавница, се качил по скалите на Градското собрание и почнал импровизиран концерт. Кога завршил, гитарата Ширан му ја подарил на десетгодишно момче.

dobivaj vesti na viber

Дека ќе свири во Ипсвич, Ширан најави преку својот инстаграм-профил, каде што напиша: „Ќе одам на главната улица веднаш до градското собрание и ќе одржам бесплатен концерт за сите во Ипсвич“.

Ширан минатата недела настапи бесплатно на „Октоберфест“ во Франкфурт. По неговиот концерт, криглата од која што пиеше пиво беше продадена за две илјади евра.

 

Share
Scroll to Top