Девет години од смртта на Дуле, некои од пријателите споделија сеќавања

Девет години од смртта на Дуле, некои од пријателите споделија сеќавања

пред 2 години

Вчера поминаа девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Некои од неговите соработници и блиски пријатели споделија сеќавања на социјалните мрежи, како и песни кој беа популарни од „Дуле и Коки“.

dobivaj vesti na viber

Дуле кој почина на 23 септември 2013 година во Клиничкиот центар во Скопје.

Дуле, заедно со својот другар Коки, двајцата од Штип беа еден од најпопуларните кај нас. Уште во студентските денови формираа дуо и нивните свирки песни брзо ја освоија јавноста.

Со победата на Макфест во 1996 година со песната „Виолина и гитара“, дуото Дуле и Коки стана препознатливо, а следуваа успешни години на настапи, нови хитови и живи свирки низ кафулиња во Македонија, кои секогаш беа полни кога тие имаа настап.

По смртта Коки продолжи по својот пат со музиката формирајќи го бендот „Тајфата“.

Share
Scroll to Top