Почина раперот Дрејкео, кој беше прободен со нож на фестивал во Лос Анџелес

Почина раперот Дрејкео, кој беше прободен со нож на фестивал во Лос Анџелес

пред 2 години

Американскиот рапер Дрејкео Рулер почина, откако претходно беше избоден со нож на музички фестивал во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми.

Раперот, чие вистинско име е Дарел Колдвел, требаше да настапи во сабота навечер на музичкиот фестивал „Once Upon a Time in Los Angeles“. Но таму беше избоден со нож при расправија зад бината, токму кога требало да настапи. Веднаш потоа беше префрлен во локалната болница во критична состојба.

По несреќата, организаторите го откажаа фестивалот на кој требаше да учествуваат Снуп Дог, Фифти Сент и Ајс Кјуб.

Полицијата во Лос Анџелес сè не го идентификувала напаѓачот, иако „Л.А. Тајмс“ наведе дека Дрејкео бил нападнат од група мажи.

Раперот Дрејко Рулер избоден со нож на фестивал во Лос Анџелес

Share
Scroll to Top