На Американец му го вратиле изгубениот паричник од пред 50 години на Антартокот

На Американец му го вратиле изгубениот паричник од пред 50 години на Антартокот

пред 3 години

На Американец од Сан Диего, Калифорнија, му бил вратен паричникот што го загубил пред повеќе од 50 години на Антарктикот.

Пол Гришам веќе не се ни сеќава дека го изгубил паричникот додека работел како метеоролог во станица на американската морнарица на Јужниот Пол 1967 година.

Стивен Декато од Њу Хемпшир, кој работи за една агенција за истражување, рече дека неговиот поранешен шеф го контактирал пред еден месец за да помогне во пронаоѓањето на сопствениците на два паричника најдени при уривањето на старата станица.

Ќерката на Декато потоа го контактирала Брус Мекки од невладината организација „Индијана спирит ’45“ и се покажало дека Гришам е член на здружението на ветерани.

Пронајдениот паричник содржел службена книшка на Гришам, возачка дозвола, даночна пријава, рецепт за домашен ликер и потврди за пренасочување пари кон неговата сопруга.

Невладината организација објави на Фејсбук фотографии и од вториот пронајден паричник, за којшто се покажа дека е на Пол Хауард, кој починал 2016 година. Паричникот е испратен до неговото семејство.

Share
Scroll to Top