Шарлиз Терон во фустан што ги крие вишокот килограми на стомакот

Шарлиз Терон во фустан што ги крие вишокот килограми на стомакот

пред 3 години

Шарлиз Терон е фотографирана на улиците во Лос Анџелес. Таа носела лежерно син фустан и син шешир.

За комбинацијата која ја одбрала, модните критичари искоментирале „Шарлиз покажа како треба да биде облечена добро стилизираната жена“.

„Токму фустанов ќе биде водечкиот тренд оваа пролет“, велат модните експерти. „Поради кројот, во него сечија фигура изгледа повито, а идеална е за оние дами кои сакаат да ги сокријат вишокот килограми на стомакот“ додале тие.

Според нив вреди да се инвестира во фустанот, бидејќи може да се носи и во лежерни и во посвечени пригоди. Во зависност од обувките и модните додатоци, лесно се приспособува за секоја пригода.

На располагање ќе го има во голем избор на бои, а експерти велат дека најмодерни ќе бидат розовата, сината и црвената боја.

Share
Scroll to Top