(Фото) Коса сплетена во плетенка е новиот имиџ на Трифун Костовски

(Фото) Коса сплетена во плетенка е новиот имиџ на Трифун Костовски

пред 1 година

Скоро две години  поранешниот градоначалник и бизнисмен Трифун Костовски има кежуал стил и долга коса. И во интревју за “Репортер“ неодмна ни откри дека вака се чувствува убаво, оти порано заради работата секогаш морал да носи костум и вратоврска, да има кртка коса и средена брада.

Не е тајна и дека во младоста му бранеле да има долга коса. Ниту во школо, ниту на факултет, а уште помалку заради функцијата која ја имаше, Костовски не можел да носи долга коса. Но сега на овие години тој вели дека може да го прави тоа што му го бранеле. На новата фотографија која ја објави се пофали дека косата ја сплете во плетенка.

„Долга коса, повеќе алтернативи“, вели Костовски.

„Колку времето минува секвенците ми се враќаат од рано детство. И некои работи се повторуваат. Мајка нè имаше двајца, мене и брат ми и таа патеше што нема ќерка. Во мене гледаше женско дете, ми пушташе коса, па панделки… Ех, штета што не знам каде се тие слики“, ни откри Костовски за Репортер.

“Не е тајна дека покрај косата, пурата му е афродизијак, но и дека на овие години добро се држи, па еднаш во недела игра фудбал, тенис, сака да почне да оди и во теретана.

А.Георгиев 

Share
Scroll to Top