Награда од 1.000 долари за гледање на цела колекција „Џејмс Бонд“

Награда од 1.000 долари за гледање на цела колекција „Џејмс Бонд“

пред 3 години

Премиерата на 25. продолжение за агентот Џејмс Бонд во филмот „Не е време за умирање“ (No Time To Die), повторно е одложена.

Премиерата на филмот првично беше закажана за април лани, но беше одложена за два различни датуми во ноември, а потоа и за овој април. Но, сега е закажана за 8 октомври, околу 18 месеци по првичниот датум.

За да се промовира долгоочекуваниот филм, веб-страницата „Nerd Bear“ бара еден супер обожавател на филмовите на Џејмс Бонд кој може да заработи 1.000 денари гледајќи ги сите 24 филма.

„Уживање во 51 час филмови, седум различни 007 агенти и многу мартини“, се вели на  веб-страницата, за објавава за Бонд.

Компанијата бара некој на кој ќе му ја додели работата од соништата, некој што ја сака франшизата, и има добро чувство за детали, заедно со активно следење на социјалните мрежи.

Кандидатите треба да бидат државјани на САД или постојани жители таму и да имаат најмалку 18 години. Исто така, треба да бидат во можност да ги изгледаат сите 24 филма за 30 дена.

Победникот ќе добие картичка со 1.000 долари од „Амазон“ за изнајмување филмови од „Амазон прајм“. Неговото искуство ќе треба да го сподели на социјалните мрежи и да пополни едноставен извештај. Освен 1.000 долари, победникот ќе добие и картичка со 50 долари од Еј-ем-си за да може да го гледа најновото продолжение.

За да се пријават, обожавателите треба да ја пополнат апликацијата, вклучувајќи избор на омилениот Џејмс Бонд-филм, како и да одговори на неколку прашања: „Што те прави најдобар обожавател на Џејмс Бонд?“ и „Зошто треба да те избереме тебе за оваа работа?“. Апликациите можат да се доставуваат до 16 април 2021 година.

Ова не е првпат компаниите да им нудат можност за заработка на обожавателите додека ги гледаат омилените филмови. За време на пандемијата „Емпајр Каверс“ го направи истото со класичните филмови за патувања, „Кејбл ти-ви“ и неколку други веб-страници со хорор-филмови, а „И-ди смарт“ со филмовите за Хари Потер.

Share
Scroll to Top