Женските змии доживуваат оргазам за време на сексот

Женските змии доживуваат оргазам за време на сексот

пред 1 година

Змиите имаат клиторис, со што се отфрла долгогодишното верување дека овој тип женски рептил нема гениталии, открија научниците пренесува Би-Би-Си.

Истражувањето било спроведено од меѓународен тим на научници предводен од Универзитетот во Аделаида, Австралија. Ова е прва студија од ваков вид која анатомски опишува како изгледа клиторисот на женски змија.

Пенисите на машките змии (хемипенис) биле проучувани пред неколку децении и за нив е познато дека се лоцирани во близина на опашката.

„Женските гениталии беа табу, научниците не можеа да ги најдат, а луѓето погрешно го разбраа тврдењето дека змиите се интерсексуални“, вели Меган Фолвел, докторант и главен истражувач.

Студијата беше објавена во списанието Proceedings of the Royal Society B Journal. Студијата покажува дека клиторисот на женската змија се наоѓа во опашката.

Змиите имаат два посебни клитории (хемиклитории), разделени со ткиво и скриени со долната страна на опашката. Органот со двојни ѕидови е составен од нерви, колаген и црвени крвни зрнца, што одговараат на еректилно ткиво, велат научниците.

Студијата е направена на 10 видови змии.

Со нивното откритие, научниците исто така разоткрија дали женските змии доживуваат задоволство за време на парењето. Досега истражувачите веруваа дека сексот кај змиите е принуден. Мислењето за ова доаѓа откако беше забележано дека машките змии се многу поагресивни за време на парењето, додека женката е многу посмирена.

Share
Scroll to Top