googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Вечерва се случи терористички напад во Виена во близина на синагога. Во нападот ранет е еден полицаец, а седумина се мртви, пренесуваат австриските медиуми. Во нападот биле повредени уште неколкумина лица.
Полицаецот кој е во смртоносна опасност работел како стражар и го обезбедувал објектот. Во тек е полициска акција. Како што пренесува „Кроне“, еден од напаѓачите се разнел со експлозив кој го носел на себе. Полицијата трага по другите осомничени.
Vienna security operations → pic.twitter.com/DjFsSo7CZ2
— KMFDT (@KMFDT) November 2, 2020
Наводно во нападот биле испукани 50 куршуми. На терен се излезени голем број на полициски возила. Очевидци за ORF велат дека напаѓачите носеле автоматски пушки.
#Wien #Vienna #Austria #Schisserei pic.twitter.com/K22OXLnQh2
— Georgia_HGrabar (@GHG19hr) November 2, 2020
„Се слушна експлозија, а потоа свативме дека почна да се пука на улиците. Видовме маж кој трчаше низ плоштадот Шведенплац. Дивјачки пукаше. Потоа се упати во насока на плоштадот, каде продолжи да пука. Тогаш стигна полицијата и го застрела“, велат очевидци.
One dead, several wounded in an attack at a synagogue in the vicinity of Schwedenplatz in Vienna’s first district, shooter is on the run. #Vienna #Austria pic.twitter.com/TVRTNiMFcu
— Mani (@Maa_niii) November 2, 2020
Полицијата го евакуираше и го има затворено целото подрачје, а луѓето почнале да бегаат покрај блискиот мост, за да избегаат од местото на пукање. На луѓето кои живеат во близина, им е упатен апел да не излегуваат од своите домови.
Полицијата верува дека бил планиран голем напад, во кој требало да има голем број на жртви.