Пејачот Драган Кеба Којиќ и неговата сопруга Олја и ќерка Наташа, ја блокираа нивната снаа Северина, на „Инстаграм“. Во јавноста стануваат сè поголеми дека пејачката Северина и нејзиниот сопруг Игор ќе се разделат. Тие повеќе не живеат заедно и ги прекинаа сите контакти.
На социјалните мрежи веќе не објавуваат заеднички фотографии, а како главен виновник за тоа Игор го обвини поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.
„Генералниот покровител на мојот брак од сигурни шумски извори, е Милан“, напишал Игор, алудирајќи на натписите дека тој се разведува. Северина му одговори дека вистинските покровителите за сите нивни кавги и несогласувања се неговите родители Кеба и Олја.
По ваквите преписки, Кеба и Олја ја избришаа Северина од социјалните мрежи.