Леброн Џејмс сака да ја заврши кариерата во ист клуб со синот Брони

Леброн Џејмс сака да ја заврши кариерата во ист клуб со синот Брони

пред 2 години

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, откри дека наскоро ќе се пензионира, но дури откако ќе игра една сезона заедно со неговиот син Леброн џуниор Брони во НБА-лигата. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс објави слика со синот и напиша дека кој клуб и да го одбере Брони на драфтот оваа сезона, ќе го добие во пакет и Леброн.

„Последната година во НБА ќе ја играм заедно со мојот син. Клубот што ќе го избере Брони на драфтот, ќе ме земе и мене. Парите нема да бидат никаков фактор во преговорите за мене, така што верувам дека брзо ќе се договориме“, изјави Леброн.

Брони има 17 години и моментно е трета година средно. Според моментните правила на НБА, тој ќе може да се појави на драфтот во 2024, но американските медиуми најавуваат промена на регулативите за тој да може веќе во јуни 2023 да биде драфтуван. Токму тогаш ќе истече и актуелниот договор што Леброн Џејмс го има со ЛА Лејкерс.

Но, американската јавност не е премногу импресионирана од квалитетите на Леброн Џуниор и според анализите по средните училишта има стотина кошаркари со подобри квалитети од него. Сепак, сите веруваат дека поради Леброн, Брони сигурно ќе добие шанса да заигра во НБА.

Share
Scroll to Top