(Видео) Марко Менгони победи на Сан Ремо и по 10 години пак ќе пее за Италија на Евросонг

(Видео) Марко Менгони победи на Сан Ремо и по 10 години пак ќе пее за Италија на Евросонг

пред 1 година






Пејачот Марко Менгони победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Евросонг. Тој победи со песната Due vite, па прифати по десет години пак да биде италијански претставник на Евровизија, откако на музичкото натпреварување пееше и во 2013 година.

Менгони го нарекуваат и гордоста на Сан Ремо. Тој е поранешен студент на Академијата за забавна музика, победник на шоуто „Х-фактор“ и првиот Италијанец кој ја освои европската Ем-ти-ви награда.

34-годишниот Марко по настапот изјави дека победата му ја посветува на Луиџи Тенко, трагично починатиот кантавтор за чија работа беше особено приврзан.





Share
Scroll to Top