Три насловни за Бијонсе: Атрактивна заводничка на декемвриското издание на британскиот „Вог“

Три насловни за Бијонсе: Атрактивна заводничка на декемвриското издание на британскиот „Вог“

пред 3 години

Бионсе сними сними едиторијал со креации од сопствената колекција Adidas x Ivy Carter, но и со модни дела од врвни дизајнери. Од „Вог“ повикаа некои од омилените модни куќи да создадат креации за едиторијалот од 20 страници, со крајна цел да се подигне модната индустрија во овие екстремно тешки времиња.

„Предизвикот го прифатија сите од Александар МекКвин до Оскар де ла Рента, од Вествуд до Барбери, од Фенди до Кристофер Џон Роџерс“ – вели главниот уредник на списанието Едвард Енинфул, кој расзговараше со Бијонсе.

Фотографиите се на младата фотографка Кенеди Картер, која е обожавателка на Бијонсе.

Во интервјуто за списанието Бијонсе се отвори за животот во карантин, за родителството во овие тешки времиња и откри дека има два пчеларници со повеќе од 80.000 пчели.

За карантниските денови  вели:

За време на карантинот, модата беше место за бегство за мене. Со моите деца си смисливме Модни Петоци. Секој петок, ќе се облечевме со мои алишта или заедно ќе направевме облека и ќе се фотографиравме. Тоа ни стана ритуал и можност заедно да се справиме со оваа луда година.  Таа понатаму вели: Апсолутно сум променета. Би било тешко да се искуси животот во пандемија со моменталните социјални пореметувања без да се промениме. Научив дека мојот глас е почист кога сум во мирување. Навистина го ценам времето со моето семејство и мојата нова цел е да го намалам темпото и да се ослободам од некои стресни работи во мојот живот. Во музичката индустрија сум од 15 години.  Поминав многу време фокусирајќи се на градење на моето наследство и на претставување на мојата култура на најдобриот начин кој го знам. Сега, одлучив да си дадам дозвола за да се фокусирам на мојата радост.

Бијонсе за мајчиноството пак вели дека станала подобар слушател. “Блу е многу интелигентна и свесна е дека се случуваат промени, но моја работа како родител е да го дадам најдоброто од себе за да го одржувам нејзиниот свет колку што е можно попозитивен и побезбеден за едно осумгодишно девојче. Мојот најдобар совет за родителите е да ги сакаат нивните деца посилно отсекогаш. Им давам до знаење на моите деца дека тие никогаш не се премногу млади за да придонесат во менување на светот. На прашањето да каже нешто што никој не го знае за неа, Бијонсе вели: Имам два пчеларници. Вистински. Ги имам во мојата куќа веќе некое време. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Ги создадов овие пчеларници, бидејќи моите ќерки Блу и Руми имаат ужасни алергии, а медот има безброј лекувачки својства.

Share
Scroll to Top