Харисон Форд му оддаде почит на неговиот татко на екранот Шон Конери, кој почина во саботата на 90-годишна возраст.
„Тој беше мојот татко … не во животот .. туку во „Инди 3 “, рече 78-годишниот Форд во интервју за „Варајети“ во понеделникот.
Конери го портретираше Хенри Џонс Сениор во продолжението од 1989 година, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“.
„Не знаете што е задоволство сè додека некој не ви плати да го возите Шон Конери во странична приколка на руски мотоцикл кој потскокнува на нерамна, полна со свиоци планинска патека и да го гледате како се тресе. Боже, колку се забавувавме,“ рече Форд.
„ Ако е во рајот, се надевам дека имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе.“