Надал се врати во Париз да ја оствари својата 1.000 победа во кариерата

Надал се врати во Париз да ја оствари својата 1.000 победа во кариерата

пред 3 години

Шампионот од Ролан Гарос, Рафаел Надал имаше победничко враќање во Париз, каде што во второто коло од Мастерс 1000 турнирот се намачи за со 4:6/7:6(5)/6:4 да го совлада неговиот сонародник, ветеранот Фелисијано Лопез.

Лопез, кој претходно најави повлекување од тенисот, но се врати оваа година, го „начека“ Шпанецот на „погрешна нога“ на почетокот и го освои првиот сет лесно, пред во вториот да биде на чекор до сензационална победа, но Надал успеа да се врати. Ова е јубилејна 1.000 победа во блескавата кариера на Шпанецот, уште еден јубилеј во неверојатната 2020, во која го стигна рекордот на Роџер Федерер од 20 гренд слем титули.

Само тројца тенисери имаат повеќе победи во кариерата – Џими Конорс (1.274), Роџер Федерер (1.242) и Иван Лендл (1.068).

Во другите мечеви, полуфиналистот од Ролан Гарос, Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5/6:3 го совлада Французинот Ришар Гаске за да остане во игра за пласман на АТП финалето во Лондон, завршниот турнир од сезоната. На Шварцман му е потребно полуфинале за најголемиот успех во кариерата и сега ќе игра со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, кој со 6:4/6:4 беше подобар од Бенжамин Бонзи.

Share
Scroll to Top