„Нашите млади напаѓачи учат од Кавани“

„Нашите млади напаѓачи учат од Кавани“

пред 3 години

Манчестер јунајтед, вечерва, гостува кај Арсенал, во дербито на колото, во Премиер лигата. Во пресрет на натпреварот, на прес конференцијата, менаџерот Оле Гунар Солскјер, го истакнал придонесот што во тимот го има Единсон Кавани.

Уругваецот, во финишот на преодниот рок, направи изненадувачки трансфер на „Олд Трафорд“. Претходно, 33-годишниот напаѓач, со голем успех играше во Наполи и ПСЖ.

Солскјер истакнува еден голем квалитет на Уругваецот, а тоа е влијанието што го има врз младите играчи. Нешто слично во минатото правел Теди Шерингам, кој како искусен голгетер од Тотенхем се пресели во Манчестер јунајтед.

„Теди дојде во 1997 година со големо искуство, многу научив од него. Мислам дека Кавани денес има исто такво влијание…Тогаш бевме млади напаѓачи и учевме од Теди, денес Кавани ги има Мејсон (Гринвуд), Маркус (Рашфорд) и Антони (Марсијал) кои учат од него. Едисон е одличен додаток за нашиот тим. Вистински пример за професионалец. Го сака фудбалот, вредно работи за тимот“, рекол Норвежанецот.

Јунајтед гостува кај Арсенал, вечерва од 18.30 часот.

Share
Scroll to Top