Продажбата на дресот на Роналдо ги урна сите рекорди на дневно ниво

Продажбата на дресот на Роналдо ги урна сите рекорди на дневно ниво

пред 3 години

Кристијано Роналдо ги урна сите рекорди во продажбата на дресови, во текот на првите 24 часа, објави „Скај спорт“.

Роналдо во Манчестер јунајтед повторно ќе ја носи седумката, која му ја отстапи Единсон Кавани. Португалецот, вториот мандат на „Олд Трафорд“, треба да го започне на 11.септември, против Њукасл.

Страницата „Фанатикс нетворк“, инаку партнер на Манчестер јунајтед кога станува збор за продажбата на дресовите, потврди дека само во првите 60 минути, бил урнат дневнивниот рекорд на продажбата на дресовите.

Истата оваа страница наведува, дека Роналдо, го урнал светскиот рекорд, во продажбата на дресовите во првите 24 часа, по промоцијата во новиот клуб.

Кристијано Роналдо ги мина Лионел Меси (од Барселона во ПСЖ), Том Брејди (од Њу Ингланд во Тампа Беј) и Леброн Џејмс (од Кливленд во ЛА Лејкерс).

Во првите 12 часа, фановите потрошиле 37,9 милиони евра. Според актуелниот договор што го има Манчестер јунајтед со комапнијата Адидас, од секој продаден дрес, клубот добива седум отсто од сумата.

Во превод ова значи дека ако продаде дрес на Роналдо по сума од 100 фунти, клубот добива седум фунти.

Share
Scroll to Top