Кил со важна гостинска победа дојде на чекор до прв пласман во Бундеслигата

Кил со важна гостинска победа дојде на чекор до прв пласман во Бундеслигата

пред 3 години

Холштајн Кил стигна до 0:1 победа на гости кај Келн во првиот меч од баражот за влез во Бундеслигата, стигнувајќи на чекор до историски успех на клубот од северна Германија.

Кил оваа сезона беше во игра и за директен пласман во Бундеслигата, но пропушти неколку шанси во последните кола, по што мора да игра бараж со 18-пласираниот од елитата, Келн.

Џокер на Кил беше Симон Лоренц, кој само една минута по влегувањето во игра во 59. минута ја затресе мрежата на домаќините. Реваншот се игра веќе во сабота.

Share
Scroll to Top