На Зидан му се допаѓаше „одмаздата“ на Касемиро кон Џејмс Милнер

На Зидан му се допаѓаше „одмаздата“ на Касемиро кон Џејмс Милнер

пред 3 години

Фановите на Реал Мадрид се сигурни дека Зинедин Зидан намерно имаше насмевка на лицето по одмазничкиот старт на Касемиро над Џејмс Милнер на вчерашниот реванш против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Мадрид одигра 0:0 во реваншот, и по 3:1 победата во првиот меч се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, и овој момент не им избега на фановите.

Ветеранот Милнер, претходно влезе во остар лизгачки старт на Карим Бензема, и очигледно беше дека Касемиро сака одмазда, која ја доби со овој старт и тоа пред Јирген Клоп и клупата на Ливерпул. Додека фудбалерите бараа казна за Касемиро, Зидан стои  одзади со интересна насмевка.

Share
Scroll to Top