Перез по првата победа: Најдобрите возачи не се во Ф1

Перез по првата победа: Најдобрите возачи не се во Ф1

пред 3 години

Серхио Перез вели дека тоа што тој уште нема место за во Формула 1 во 2021 година покажува дека најдобрите возачи на светот најверојатно не се во Ф1.

Мексиканскиот возач на Рејсинг поинт, стигна до својата деби победа во својата 190. трка во неделата во Бахреин, користејќи го фијаското на Мерцедес со влегувањата во боксот, резултат со кој е блиску да обезбеди на неговиот тим трето место во генерален пласман.

Перез ќе биде заменет во тимот кој следната година ќе се вика Астон Мартин од четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, и најреална шанса му е Ред бул, доколку тие се откажат од Алекс Албон. Популарниот Чеко вели дека има опции за 2021, но дека тоа што нема место во Ф1 е навистина тажно.

„Веќе добив некои понуди за 2022, така што најдобрата опција е да продолжам некаде. Но, и да морам да сопрам, тогаш не е катастрофа, можам да се вратам во 2022. Помирен сум самиот со себе. Мислам дека Естебан Окон убаво кажа дека Ф1 е таква кога возачи како него немаат иднина. Навистина е тешко, и најдобрите возачи не се во Формула 1 за жал“, вели Перез.

Окон, кој мораше да паузира една година од Ф1, пред да се врати со Рено оваа година, вели дека не е нормално ако возачи како Перез немаат место.

„Тој е еден од најдобрите возачи, а го оставаат на страна. Тоа не може да е нормално. Овој спорт е таков“, вели Окон.

Share
Scroll to Top