Влатко Андоновски со САД не успеа да избори финале во Токио

Влатко Андоновски со САД не успеа да избори финале во Токио

пред 3 години

Женската фудбалска репрезентација на Канада, избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во Токио. Канаѓанките, по две децении, успеаја да ја победата селекцијата на САД и да влезат во борбата за олимпиското злато.

Американките, предводени од Влатко Андоновски, не успеаја да ја оправдата фаворитската улога во Токио. Селекцијата која до ОИ немаше пораз на 44 натпревари, во Токио доживеа два.

Вториот ги турна во борбата за бронзениот медал.

Канада пласман во финалето избори со голот од пенал, што го постигна Флеминг во 73.минута.

Во второто полу-финале ќе играат Австралија и Шведска.

Share
Scroll to Top