Силекс и Струга ТЛ со 1:1 по првите мечеви од Конференцискатa лига на УЕФА

Силекс и Струга ТЛ со 1:1 по првите мечеви од Конференцискатa лига на УЕФА

пред 3 години

Силекс од Кратово одигра нерешено 1:1 против молдавски Петрокуб во рамки на првото квалификациско коло од Конференцискатa лига на УЕФА.

Двете екипи во Скопје, на многу топло време одиграа натпревар без многу шанси. Домашната екипа прва дојде до водството. Се играше 5. минута кога Додевски, на асистенција на Рајков го донесе Силекс во водство.

Гостите во продолжение создадоа неколку прилики за гол, а во финишот на првиот дел Петрокуб успеа да изедначи со голот на Платица.

Во второто полувреме двете екипи создадоа по неколку прилики, но резултатот остана непроменет.
Реваншот во Молдавија се игра на 15. јули.

Со идентични 1:1 заврши дуелот и на екипата на Стуга Трим Лум, нагости во Латвија, кај екипата на Лиепаја.

Домашната екипа тргна поофанзивно, правеше притисок и тоа резултираше со водство во 31 минута. Напаѓачот Додо со глава донесе домашна предност од 1-0.

Во вториот дел избраниците на тренерот Срѓан Захариевски тргнаа поофанзивно кон домашниот гол, а наградата за таквата игра стигна во 93 минута. 21-годишниот Бесир Исени со глава донесе 1-1 за шанси во реваншот на домашен терен.
Фото: FB – F.C. Struga

Share
Scroll to Top