Две години од смртта на Емилијано Сала, семејството се уште бара одговори!

Две години од смртта на Емилијано Сала, семејството се уште бара одговори!

пред 3 години

Се навршија две години од трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач, Емилијано Сала, а семејството се уште не знае под какви околности дошло до падот на авионот.

На денешен ден во 2019 година се сруши авионот во кој беше Сала, а со кој од Нант патуваше кон Британија. Телото на 28-годишниот фудбалер беше извлечено од Ламанш, додека остатоци од авионот и телото на пилотот Дејвид Оботсон никогаш не беа пронајдени.

„Трагично е што по две години од смртта на Емилијано се уште не знаеме како загина. Истрагата е единствениот начин како да се открие вистината. Се надеваме дека истрагата ќе почне по судењето на Дејвид Хедерсон и дека нема да мораме да поминуваме уште една година без одговори“ соопштија од семејството на Сала.

Хедерсон беше организатор на летот, а во октомври минатата година ги отфрли обвинувањата дека ја загрозил безбедноста на леталото. Неговото судење ќе продолжи во октомври годинава.

Share
Scroll to Top