Сензационална вечер во Загреб – Оршиќ и Динамо го сопреа големиот Тотенхем

Сензационална вечер во Загреб – Оршиќ и Динамо го сопреа големиот Тотенхем

пред 3 години

Динамо Загреб, предводен од хет-трикот на Мислав Оршиќ, стигна до сензационална 3:0 победа над Тотенхем во вториот меч од осминафиналето на Лига Европа, оставарувајќи огромен европски успех во неделата во која нивниот тренер Зоран Мамиќ си замина поради затворската казна.

Тотенхем имаше предност од 2:0 од првиот меч во Лондон, но тимот на Жозе Мурињо се распадна на „Максимир“, каде што владееше 28-годишниот Мислав Оршиќ, поранешниот талент кој многумина го отпишаа, кој постигна хет-трик, вклучувајќи два фантастични голови од далечина.

На „Максимир“ во Загреб, се очекуваше Тотенхем да има лесна задача по предноста од 2:0, но „модрите“ на Аријан Адеми и Стефан Ристовски покажаа дека не се тим за шега и покрај тоа што оваа недела останаа без тренерот Зоран Мамиќ, кој беше осуден на затворска казна. „Џокерот“ на преодниот тренер Дамир Крзнар беше Оршиќ, кој прво во 62. минута постигна прекрасен гол за 1:0, за во 83. минута најдобро да се снајде во шестнаесетникот за 2:0.

Оршиќ не застана тука, и најдоброто го остави на крај, кога во 105. минута направи фантастичен продор во шестнаесетникот на противникот и го матираше Иго Љорис, поставувајќи огромен притисок над Жозе Мурињо, кого ниту во Премиер лигата не му оди најдобро.

Share
Scroll to Top