Премиерлигата со чудна препорака – само 10 удари со глава неделно

Премиерлигата со чудна препорака – само 10 удари со глава неделно

пред 3 години

На фудбалерите во Премиер лигата и во Англиската фудбалска лига (следните три лиги по ранг) ќе им се воведе необично ограничување – само 10 удари на топката со глава по нафрлања, корнери или слободни удари.

Ова правило се воведува по последните истражувања кои тврдат дека фудбалерите се во поголема опасност од невродегенеративни болести, најмногу поради силните удари со глава. Студиите покажале дека повеќето удари на топката со глава на тренинг и во мечевите се со низок интензитет, но дека кога се работи за нафрлања кон напаѓачите или воздушни додавања од над 30 метри силата е многу поголема.

„Ќе биде препорачано да има максимум од 10 удари со глава со повисока сила на сите тренинзи и мечеви“, се вели во заедничката објава на Премиер лигата со Фудбалската асоцијација (ФА), ЕФЛ и асоцијацијата на професионални фудбалери.

Share
Scroll to Top