„Благодарение на лекарите Шумахер води нормален живот“

„Благодарение на лекарите Шумахер води нормален живот“

пред 3 години

Првиот човек на ФИА и близок пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод, повторно проговорил за состојбата во која се наоѓа седумкратниот светски првак.

Славниот Германец, на 29.декември 2013 година, на скијање во француските Алпи, се здоби со тешки повреди на главата. Оттогаш го нема во јавноста, а и информациите за неговата здравствена состојба се вистинска реткост.

Шумахер, од 2014 година, се лекува во својот дом во Гланд, Швајцарија. Него можат да го видат само лекарите и блиските пријатели.

„Не сакам да откривам многу детали. Падот што го имаше, за жал, остави тешки последици. Од првиот ден Михаел има одлична медицинска нега, која му овозможува колку толку да води нормален живот“, рекол Тод.

Поранешниот шеф на Скудерија Ферари, го коментирал и влегувањето на синот на Михаел, Мик Шумахер во Формула 1. Мик од наредната сезона ќе вози за Хас.

„Воодушевен сум. Потекнува од семејство кое го обожувам. Го знам од моментот кога се роди. Има голема страст кон возењето и автомобилите. Секако дека во првата сезона од него не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Неговиот болид сигурно не може да се споредува со Мерцедесот на Хамилтон и Ботас. Се надевам дека во иднина останатите конструктори ќе успеат да им се доближат на Мерцедес. Тоа би било добро за овој спорт и за Мик“, рекол Тод.

Share
Scroll to Top