Една година по провокацијата на Трамп, Грета Тунберг му врати: Смири се, Доналд

пред 4 години

По една година, шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг, му врати на американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот коментар дека таа мора да работи на проблемот со контролата на гневот и да олади, така што му напиша дека тој ќе мора да се смири.

Коментирајќи го твитот на Трамп во кој тој напиша дека треба да се запре броењето на гласовите, Тунберг напиша дека тоа е глупаво и дека ќе мора да работи на неговиот проблем на контрола на гневот.

„Смешно. Доналд треба да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа со пријателите да гледа добар старомоден филм. Олади, Доналд, олади“, Тунберг напиша скоро идентични зборови што Трамп и ги испрати минатата година.

Share
Scroll to Top