Приведен е маж кој бил баран со потерница поради убиство и предизвикување на општа опасност, јави МВР.
Тој бил фатен во атарот на селото Горно Јаболчиште во општина Чашка. Станува збор за лице на 31-годишна возарст со иницијали Ф.Д. од ова село, за кого била распишана централна и меѓународна потерница за издржување на затворска казна од пет години и три месеци во КПД Идризово.
При преглед кај мажот пронајдена е прашкаста материја и марихуана, додаваат од полицијата.