ДИК: Во првиот круг Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов

пред 3 години

Според податоците кои вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисја, Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник на градот ќе бираат меѓу независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

„За градоначалник на градот Скопје, под број 12 коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’, предводена од СДСМ има 77.852 гласа и оди во втор круг со Петре Шилегов. Данела Арсовска во вториот круг оди со 85.657 гласови“, соопшти Даштевски.

Share
Scroll to Top