Утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија

пред 3 години

Првата пратка вакцини од Србија за Македонија ќе пристигне утре на граничниот премин Табановце, соопшти Владата.

„Утре, 11 февруари, во 14 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини“, соопшти Владата.

Нема наведено детали колку вакцини ќе пристигнат и од кој производител.

Share
Scroll to Top