„Мерцедес“ удри во 33-годишна жена во Тетово

пред 3 години

Вцера во 17.00 часот било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од с.Порој, Тетовско, удрило во пешакот И.Ѓ.(33) од тетовското село Јегуновце. Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.  

Share
Scroll to Top