Куман подготвува реконструкција во јануари

Куман подготвува реконструкција во јануари

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Барселона ќе биде активен во јануарскиот преоден рок. Тренерот, Роналд Куман, според шпанските медиуми, планирал да се ослободи од услугите на петмина фудбалери.

Барселона, во јануари, на трансфер-листата ќе ги стави: Марин Брејтвајт, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Карлес Алеља и третиот најскап фудбалер во историјата на фудбалот, Усман Дембеле.

Планот на Куман е во јануари да ги донесе Мемфис Депај од Лион и Ерик Гарсија од Манчестер сити. На овие двајца договорите со нивните клубови им истекуваат на крајот од сезоната, меѓутоа Куман смета дека ќе му бидат неопходни во вториот дел од сезоната.

Медиумите шпекулираат дека Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересирани за Дмебеле, додека неколку екипи од Ла Лига биле заинтересирани за Брејтвајт, Алења и Фирпо.

Во летниот преоден рок, Лион покажуваа интерес да го врати Умтити во своите редови.

Share
Scroll to Top