По голот што го постигна Гајиќ, голманот му удри шамар на соиграчиот

По голот што го постигна Гајиќ, голманот му удри шамар на соиграчиот

пред 3 години

Фудбалерите на Црвена звезда, синоќа, го победија Напредак од Крушевац со 1:0. Единствениот гол го постигна десниот бек на Црвена звезда, Милан Гајиќ во 77.минута.

Примениот гол најтешко му падна на голманот на гостите, Растко Шуљагиќ. Тој му удри шамар на младиот Никола Маринковиќ, сметајќи дека тој е виновникот за примениот гол.

Маринковиќ не го испрати до крај стрелецот на голот, Гајиќ влезе од зад грб и постигна гол.



Share
Scroll to Top