Челси лесно се справија со Шефилд јунајтед

Челси лесно се справија со Шефилд јунајтед

пред 4 години

Фудбалерите на Челси забележаа победа над Шефилд јунајтед 4:1. Четата на Френк Лампард ја забележа четвртата победа по ред во сите натпреварувања. Челси на последните на последните шест натпревари има примено само еден гол. „Сините“, по некомплетното осмо коло се наоѓаат на третото место, додека Шефилд се последни со само еден бод.

На „Стенфорд Бриџ“, гостите од Шефилд го постигнаа првиот гол. Во деветтата минута Мекголрдир го совлада Менди.

До крајот на полувремето, со головите на Ејбрахам во 23 и Чилвел во 43 минута, домаќините направија пресврт.

Триумфот, играчите на Челси го обезбедија во последните 15 минути кога стрелци беа Тијаго Силва и Тимо Вернер.

Share
Scroll to Top